
Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез наскоро би можел да ја заврши кариерата. Бразилските медиуми открија дека Суарез ќе одржи состанок со раководството на Гремиo поради честите проблеми со коленото.
Уругваецот игра со постојани болки, не може да ја залечи повредата на коленото, а бразилските медиуми пишуваат дека доколку нема решение би можел да ја заврши кариерата.
Суарез има договор со Гремио до јуни 2024 година, се шпекулираше дека би можел да му се придружи на Лионел Меси во Интер Мајами, но сега тоа е малку веројатно.
Најдобрите играчки денови Суарез ги помина во Ливерпул и особено во Барселона од 2014 до 2020 година кога ги освои сите можни трофеи и беше „Златна копачка“ на Европа.
Тој порасна во Наsионал, од кој отиде во Гронинген во 2006 година како 19-годишник, а потоа експлодираше во дресот на Ајакс од 2007 до 2011 година, постигнувајќи 111 гола на 159 натпревари.
Потоа стана легенда на Ливерпул со 82 гола на 133 натпревари, но за жал не успеа да ја освои Премиер – лигата и се пресели во Барселона. Останатото е историја, четири титули во Ла Лига и Купот на кралот, Лигата на шампионите. Беше член и на Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal