Connect with us

Ангеловски: Можеме да го победиме Израел

Фудбалската репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за двата квалификациски натпревари против Израел и против Летонија на гостински терен. Селекторот Игор Ангеловски очекува нашата селекција да биде на потребното ниво и да одигра многу подобро од последниот меч против Австрија. 

„Имаме доволно време да ги анализираме, следиме што се случува во нивниот табор, имаат проблеми во составот, вчера стоперот Битон им се повреди. Ќе собереме информации потполно подготвени да влеземе на тој натпревар. Јас реков дека очекувам фудбалерите да бидат на она нивно претпознатливо ниво, да бидеме на ниво на сите досегашни мечеви во квалификациите, исклучувајќи го само мечот со Австрија. Ние имаме 2-3 формации во зависност од противниците, но не отстапувам од онаа базична тактика“, изјави Ангеловски.

На првиот собир во хотел „Парк“ недостигаа петмина фудбалери, капитенот Пандев, Трајковски, Тричковски, Несторовски и голманот Димитриевски кои утре директно во Ашдод ќе му се приклучат на националниот тим.Проблем е малата минутажа на одредени репрезентативци. 

„Мене ми е жал што неколку играчи не се стандарни во своите тимови, ќе ми беше многу полесно. Жалам што не игра Велковски, за мене е одличен фудбалер. Муслиу играше за Шкендија, направи трансфер, па не играше, и сега еве заигра. Проблем е и Стефан Ристовски кој го нема на почетокот од сезоната. Не се предаваме, се додека постојат теоретски шанси да бидеме втори, јас ќе барам од играчите да го бркаме тоа место. До крај одиме на секој меч на победа, дали ќе биде за подобар пласман или за подобра подготовка во Лигата на Нации со Косово, сеедно. Овие момци досега покажаа дека не познаваат фаворити и јас верувам дека ќе бидат на нивото“, истакна селекторот Ангеловски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови