Македонските репрезентативци го одржаа и првиот тренинг по пристигнувањето во Израел, каде в четврток ќе се обидат да ја прекинат серијата порази во квалификациите за ЕП 2020. Противникот не е нималку наивен, но право на оптимизам на нашите фудбалери им дава фактот дека при последното гостување во оваа земја, пред две години, успеаја да стигнат до цел плен.
„Се ќе зависи од нас и од она што ќе го прикажеме на теренот. Сепак, мораме да го респектираме Израел, тоа е квалитетна репрезентација, особено при настапите пред својата публика. Пред две години одигравме добро и остваривме триумф во оваа земја, што ни дава за право да се надеваме на сличен исход и в четврток“ – истакна Тричковски.
Асот на АЕК Ларнака се наоѓа во одличен голгетерски ритам, сериозно наметнувајќи се кај селекторот Ангеловски и за место во стартниот тим.
„Во добра форма сум, се чувствувам полн со самодоверба бидејќи одиграв одлични средби во текот на летото. Како во клубот, така и во репрезентацијата – секогаш сум на располагање да помогнам со она што го знам и умеам кога ќе добијам шанса за настап“ – вели Иван Тричковски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул има стопроцентна доверба во Арне Слот
Евро-фудбал
Постекоглу се враќа во Селтик?













