
Наполи е шампион, a Лацио, Интер и Милан следната сезона одат во Лигата на шампионите заедно со освојувачот на титулата.
Милан заврши четврти, а вечерва на домашен терен одигра меч кој им беше далеку поважен на гостите. Верона бараше победа и не успеа да дојде до неа, беше 3-1 за „росонерите“, па гостите ќе мораат да играат плејоф против Специја, за да не испаднат во Серија Б, заедно со Кремонезе и со Сампдорија.
Жиру го доведе Милан во водство од пенал, но Фараони успеа да го израмни резултатот. Леао им донесе победа со два гола, во 85. минута и во судиското надополнување.
Во последното коло Јувентус не ја прескокна Рома, која заврши на шестото место, бидејќи успеа да ја победи со 2-1 Специја со гол во последните минути од натпреварот.
Николау ги доведе гостите во водство во шестата минута, но израмни Залевски во 43. минута.
Победата на домашните им ја донесе Дибала во 89. минута од пенал.
Во најмалку важниот натпревар Лече и Болоња одиграа 2-3.
ИТАЛИЈА, СЕЗОНА 2022/23
Шампион: Наполи
ЛШ: Лацио, Интер, Милан
ЛЕ: Аталанта, Рома
ЛК: Јувентус
Испаднаа: Верона (Специја), Кремонезе, Сампдорија

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski