
Ѕвездата на Рома, Пауло Дибала, утре ќе биде подложен на фитнес тест од кој ќе се утврди дали светскиот шампион со Аргентина ќе може да игра во финалето на Лига Европа против Севилја в среда, соопшти АНСА.
Состојбата на Дибала е многу подобрена во последните денови. Тој дури учествуваше и на тренингот на Рома во неделата, но избегна директен контакт со соиграчите.
Пауло Дибала сигурно ќе патува со тимот во Будимпешта каде се одржува финалето. Дури и ако е подготвен за игра, тешко дека ќе го започне мечот против Севилја.
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, веќе најави дека ќе биде среќен доколку Аргентинецот може да влезе во игра како замена околу 20 минути.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski