
Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, доживеа исклучително тешка несреќа, пишуваат шпанските медиуми.
Фудбалерот додека јавал паднал од коњ и се здобил со повреда на мозокот. Потоа морало да биде префрлен со хеликоптер од медицинските служби во болница во Севилја. По падот играчот морал да биде интубиран, пишуваат медиумите.
Засега не се познати повеќе детали за состојбата на Рико или степенот на неговите повреди.
Рико синоќа беше во групата на ПСЖ на гостувањето кај Стразбур (1-1) со што парижаните ја обезбедија шампионската титула. Веднаш по средбата тој се вратил во родната Шпанија каде се случил овој инцидент.
Сезонава, Серхио Рико беше резерва на Џанлуиџи Донарума.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal