
Англискиот премиерлигаш Њукасл ќе издвои неверојатни 450 милиони евра за нови засилувања ова лето, откако клубот по цели 20 години повторно ќе биде дел од Лигата на шампионите. Менаџерот Еди Хау ќе добие навистина огромен буџет за да направи реконструкција на тимот.
Најголема желба на Еди Хау е капитенот на Тотенхем, Хари Кејн. Тој има уште една година од договорот со Тотенхем и сите очекуваат ова лето да замине од лондонскиот клуб.
На листата е и Бразилецот Нејмар, кој најверојатно ќе го напушти ПСЖ, а списокот на Еди Хау и во него се најдоа и имињата на Жоао Феликс, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Чуквуезе, Рајан Гравенберх, Џејмс Медисон, Еберечи Езе, Муса Дијаби, Мохамед Кудус и Доминик Шобошлаи.
Останува да се види дали дал од овие фудбалери ќе завршат на „Сент Џејмс Парк“…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal