
Академија Пандев во новата сезона ќе има нови сопственици, а по сѐ изгледа и речиси комплетно нов тим. Има најави за неколку заминувања од струмичкиот клуб кој сега ќе се ребрендира во Брера, а дефинитивно заминува и капитенот Диме Димов.
Одличниот дефанзивец седум години го носеше дресот на Академија Пандев, а сега ќе бара нов предизвик.
„После седум убави години заминувам од Академија Пандев. Во овој клуб го минав најубавиот период во кариерата, можам само да се заблагодарам на Горан Пандев за сѐ што направи за нас и за целиот клуб, а сега е време за нов предизвик“, вели Диме Димов за МАКФУДБАЛ.
Засега Димов вели дека има неколку понуди за заминување во странство и тоа на подалечни дестинации, но ќе почека со одлуката каде ќе ја продолжи кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski
