
Најтрофејниот македонски клуб Вардар в недела ќе игра бараж за пласман во елитата против ФК Скопје, а во пресрет на најважниот меч оваа сезона фудбалерите ќе добијат финансиска инјекција. Таа доаѓа од Општина Кисела Вода, која одлучи да исплати еден милион денари на вардарци, како помош во тешките мигови за клубот.
Средствата директно треба да бидат префрлени на сметките на фудбалерите и на членовите на стручниот штаб, како еден вид мотивација во пресрет на баражот со ФК Скопје.
Фудбалерите на Вардар речиси цела сезона играа без редовни плати и на крајот завршија на третата позиција во второлигашката конкуренција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
