
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше поразот на неговиот тим од Брајтон со 0-3 во Премиер – лигата. Поразот практично ги лиши „топчиите“ од шансите за титула оваа сезона, а нивниот ривал Манчестер Сити сега е на само една победа до запечатување на успехот во англискиот шампионат, трета година по ред.
„Пред една недела стоев овде со чувство на гордост, а денес мораме да се извиниме за нашето последно издание. Тоа беше неприфатливо. Математички има уште шанси за титулата, но сега веќе е невозможно да се размислува за тоа. Мора да размислуваме за резултатот и нашата игра во второто полувреме, да разбереме зошто испадна како што беше и да одговориме правилно. Брајтон беше навистина добар и игравме навистина лошо по паузата. Секогаш ќе ги бранам моите играчи, затоа ја преземам одговорноста за тоа што се случи. И понатаму сум максимално горд на нив“, изјави Артета, цитиран од „Би-Би-Си“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Трајков со два гола донесе триумф за Македонија У21 против Ерменија

Млади репрезентации
Младите фудбалери сакаат прва радост: Ерменија гостува во Битола

Евро-фудбал
Овиедо го смени тренерот Вељко Пауновиќ
