АЕК Атина по 13. пат ја освои титулата во грчкото фудбалско првенство. Во последното коло од шампионатот „жолто-црните“ го совладаа Волос на гости со 0-4 и за првпат од 2018 година станаа шампиони на нашиот јужен сосед.
Со победата АЕК собра 83 бода и заврши пред второпласираниот Панатинаикос. „Зелените“ ремизираа 1-1 на домашен терен со Арис и успеаја да освојат само еден бод во последните два меча.
Стивен Зубер и Мијат Гачиновиќ беа прецизни во првото полувреме, а Орбелин Пинеда и Дамијан Шимански погидија во вториот дел во триумфот на АЕК.
Третото место во Грција му припадна на шампионот од последните три сезони, Олимпијакос, кој во директна пресметка за пласман во квалификациите за Лига Европа како гостин го победи ПАОК со 1-0.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













