Connect with us

Барселона е нов шампион на Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона го победи Еспањол со 2-4 во каталонското градско дерби и на четири кола пред крајот ја освои титулата во Ла Лига. Тимот на Чави Хернандез има недостижни 14 бода предност во однос на најголемиот ривал Реал Мадрид.

Роберт Левандовски во 11.минута го отвори резултатот, а Балде во 20.минута зголеми на 0-2. До крајот на првиот дел Левандовски уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а во второто полувреме погоди и Жул Кунде.

Еспањол до крајот само успеа да го намали поразот, со головите на Пуадо и на Хоселу.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови