
Како што се приближува летниот преоден рок, во светските медиуми повторно почнаа приказните за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал Мадрид. Ѕвездата на ПСЖ наводно не е задоволен од состојбата во францускиот клуб.
Навивачите протестираат барајќи заминување на главните ѕвезди, Лионел Меси и Нејмар, а а ПСЖ не може да го направи конечниот пробив во Лигата на шампионите. Француските медиуми пишуваат дека тензиите меѓу Мбапе и раководството на ПСЖ растат иако клубот јасно стави до знаење дека најдобриот играч не е на продажба.
Сепак, повторно се појави приказната дека францускиот репрезентативец би можел да дојде во Реал Мадрид, кој полека се подготвува за заминување на Карим Бензема, но „Марка“ остро ги демантираше ваквите тврдења, наведувајќи дека нема шанси Мбапе да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.
„Од никаде, таа приказна повторно се појави, но ситуацијата е целосно јасна. Реал нема да го донесе Мбапе, не им треба, а клупските шефови не сакаат да му платат ни цент на ПСЖ. Нема опција во која Мбапе летово би дошол во Реал“, пишува „Марка“.
„Во Мадрид веќе имаат своја мегаѕвезда. Тоа е Винисиус Жуниор и директорите на клубот веруваат дека Бразилецот е подобар од Мбапе и сакаат да изградат сѐ околу него“, дополнува влијателниот шпански медиум.
Сепак, далеку од тоа дека Мбапе не е интересен за Реал Мадрид. Но, не во форма на трансфер кој би чинел стотици милиони евра. Во Мадрид ја следат ситуацијата и ќе се обидат да го доведат доколку стане слободен агент за да избегнат да платат огромна отштета.
Винисиус Жуниор, кој во јули ќе наполни 23 години, во Реал дојде летото 2018 година од Фламенго за 45 милиони евра. Досега одигра 221 натпревар и постигна 59 гола со 64 асистенции. Сезонава се истакна со 23 гола и 21 асистенција на 51 натпревар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
