Connect with us

Ултрасите на Милан ги построија „росонерите“ (ВИДЕО)

Во претходните четири дена фудбалерите на Милан доживеаја два тешки удари.
Во средата, Интер ги победи со 2-0 во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, а синоќа шокантно загубија од Специја со ист резултат во 35. коло од Серија А и сега се многу подалеку од настап во елитното европско натпреварување следната сезона.


По разочарувачката игра со Специја, играчите и тренерот Стефано Пиоли мораа да се соочат со своите навивачи. Под трибината се наредија со најжестоките навивачи на Милан, култната „Curve Sud“, а таму внимателно слушаа што им зборуваат навивачите.


Од нив се бара да го елиминираат Интер во вторник и да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите, но во моментов тоа изгледа како „невозможна мисија“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови