Селекторот Игор Ангеловски од денеска ги има на располагање сите фудбалери на кои ќе смета за претстојниот двомеч со Австрија и со Израел, откако на националниот тим му се приклучија играчите кои не беа во можност да тренираат во текот на вчерашниот ден.
Горан Пандев ги предводеше „црвено-жолтите“ на денешниот тренинг, a заедно со капитенот на репрезентативците им се приклучија и Барди, Несторовски и Димитриевски.
Кормиларот Ангеловски поради повреди и суспензии нема да може да смета на неколку првотимци, но потенцираше дека очекува добра игра и резултати на последните две средби од квалификациите, како вовед за клучниот бараж за ЕВРО 2020 против селекцијата на Косово.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski