
Оле Гунар Солскјер откри дека Манчестер Јунајтед можел да го купи Ерлинг Халанд за 4 милиони фунти во 2018 година, но клубот одбил.
Солскјер изјави дека шест месеци пред да пристигне на „Олд Трафорд“, на Јунајтед му го предложил Халанд.
Оле беше менаџер на Ерлинг во Молде и беше целосно свесен за неговиот огромен потенцијал, но напаѓачот потпиша за Салцбург, а потоа и за Борусија Дортмунд наместо за Манчестер Јунајтед, пред да направи трансфер за 51,2 милиони фунти во Манчестер Сити минатата година.
„Го повикав Јунајтед околу шест месеци пред да го преземам и им кажав дека го имам овој напаѓач за нив, но тие не послушаа. Молде бараше само 4 милиони фунти за Халанд, но тие не го потпишаа“, додаде Солскјер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
