
Раководството на Барселона упати нова понуда до крилниот напаѓач Осман Дембеле за продолжување на договорот. 25-годишниот играч има уште една година од актуелниот договор. Дополнително, во него има откупна клаузула од само 50 милиони евра, која ќе биде активна во периодот од јуни до јули, а тоа сериозно ги загрижува челниците на „Камп Ноу“, кои брзаат да го убедат повторно да потпише.
Барселона му понуди нови подобри услови на Дембеле и договор до 2027 година. Двете страни сѐ уште разговараат за деталите од договорот, но засега разговорите се позитивни.
Тренерот Чави Хернандез лично се залагаше за продолжување на договорот на Дембеле, што е јасен знак дека тој е дел од неговите долгорочни планови. Во исто време, играчот јасно стави до знаење дека неговата желба е да остане на „Камп Ноу“. Останува само двете страни да ги прецизираат деталите од договорот и тој да биде официјално потпишан.
Не недостига интерес за Дембеле, бидејќи него го посакуваат Баерн Минхен, Челси и Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal