
Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис излезе со прилично екстравагантен предлог. Тој смета дека стадионите во Италија се идеално место за свадби и крштевки.
„Имаме огромни проблеми со објектите. Со ретки исклучоци, тие се застарени. Натпреварот тешко се гледа од трибините, има атлетски патеки како на стадионите во Неапол или во Рим.
Дали сакаме да однесеме семејства таму? Дали сакаме да овозможиме да поминеме цел ден на стадион, да се забавуваме, да јадеме? Свадбите и крштевките јас би ги славел на стадион. Можеби црквата ќе биде вознемирена од ова, но доволно е да се постави осветен олтар – ова го направивме на собирот во Димаро. Колку пати дошол кардиналот Сепе да одржи миса без никого да шокира?
Фудбалскиот терен е потценет и недоволно искористен. Сето ова може да има позитивно влијание врз приходите“, објасни Де Лаурентис за „Ла Република“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
