Наполи се подготвува за уште едно успешно трансферно лето. Новиот шампион на Италија е во преговори со играчот од средниот ред на Ајнтрахт, Даичи Камада. На Јапонецот му истекува договорот и тој најверојатно ќе замине како слободен играч.
Во Наполи се надеваат дека повторно ќе успеат со селекцијата и тоа без да платат многу пари. Беа брилијантни на трансфер пазарот минатото лето.
Клубот реагираше откако си заминаа Калиду Кулибали и Лоренцо Инсиње, па пристигнаа Квича Кварацкелија и Ким Мин-Јае.
Раководството на „наполитанците“ сѐ уште не постигнало договор со Камада, но двете страни се оптимисти за трансферот. Освен него, Наполи го следи и јужнокорејскиот играч за врска, Канг-ин Ли, од Мајорка.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













