
Четврток е ден за дуелите во Лига Европа и во Конференциската лига на УЕФА. Јувентус се надева дека преку ова натпреварување, доколку го освои, ќе се пласира во Лигата на шампионите следната сезона, но како претпоследна пречка стои, најтрофејниот тим во ЛЕ, Севилја.
„Старата дама“ стави крај на лошата форма во последно време со победата од 2-0 над Аталанта викендов. Тимот на Макс Алегри имаше неколку бледи натпревари во Лига Европа оваа сезона, но сѐ уште е непоразен.
Севилја исто така има несигурна сезона, иако Андалузијците ги стабилизираа своите резултати по доаѓањето на Хозе Луис Мендилибар на клупата, со само еден пораз во последните пет натпревари. 62-годишниот стручњак дебитираше во Лига Европа во пресметките со Манчестер Јунајтед во четвртфиналето, кога Севилја постигна голем успех, за кој дури и Мендилибар рече дека е „изненадувачки“. Тренерот го опиша Јуве како „посилен“ и поголем предизвик од Англичаните.
Во другиот полуфинален дуел од Лига Европа, Рома ќе се соочи со Баер Леверкузен. „Волчицата“ која минатата година триумфираше во Конференциската лига на УЕФА, сега е насочен кон понатамошен успех во Европа под водство на Жозе Мурињо. За Рома ова е и најдиректниот пат до учество во европските натпреварувања следната сезона, бидејќи настапите на домашната сцена не се онакви какви што би сакале да бидат. Сепак, Мурињо вели дека е „оптимист“, иако призна дека неговите играчи се сериозно заморени поради напорниот распоред и многуте натпревари.
Баер Леверкузен исто така сака да стигне до своето прво европско финале по 2002 година, кога загуби од Реал Мадрид во битката за трофејот во Лигата на шампионите. Тренерот на тимот Чаби Алонсо ги повика своите играчи да го направат месец мај „незаборавен“.
Вечерва од 21 часот се игра и првите полуфинални натпревари на Конференциската лига. Две од екипите влегуваат како сериозни фаворити за пласман во финалето кое ќе се игра на 7 јуни на „Фортуна Арена“ во Прага. Тоа се англискиот Вест Хем и италијанската Фиорентина. Дали ќе го оправдаат својот статус против АЗ Алкмар и Базел, пред реванш натпреварите за една недела?

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Најтрофејниот клуб Вардар го победи шампионот Струга ТЛ на гости, а Шкендија успеа да...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски
Најтрофејниот македонски клуб Вардар успеа да го совлада актуелниот шампион Струга Трим Лум на...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси го декласира Саутемптон (ВИДЕО)
