
Интер оствари голем триумф (0-2) против градскиот ривал Милан на „Сан Сиро“ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. Тимот на Симоне Инзаги сега е многу поблиску до финалето, иако ќе следи уште еден жесток дуел меѓу миланските гиганти.
Стефано Пиоли не можеше да смета на својот најголем адут Рафаел Леао, кој не се опорави од повредата, а тоа веројатно беше шок за „росонерите“.

Интер тргна фуриозно и постигна два гола во раната фаза од мечот. Един Џеко во осмата минута донесе водство за „нероаѕурите“ и стана вториот највозрасен стрелец во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Само три минути подоцна, Хенрик Мхитарјан погоди за 0-2 и тоа беше нокаут за Милан.
Сандро Тонали во второто полувреме ја погоди гредата во 63.минута, но „росонерите“ сепак ќе мора да покажат многу повеќе на вториот дуел од двомечот кој ќе го започнат со два гола негатива.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal