Вест Хем се обидува да го задржи својот капитен Деклан Рајс и следната сезона, но очигледно дека тоа ќе оди тешко, затоа што за него се заинтересирани најголемите клубови на Островот., Според „Скај Спортс“, „чеканите“ ќе го пуштат играчот од средниот ред доколку добијат понуда од 140 милиони евра од клуб кој игра во Лигата на шампионите.
Тимот размислува и за опција со размена за уште еден играч од средниот ред и доплата од 115 милиони евра.
За услугите на Деклан Рајс се заинтересирани Арсенал, Ливерпул, Челси и Манчестер Сити.
24-годишниот играч за врска оваа сезона забележа 44 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и четири асистенции. Тој е стандарден англиски репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













