Шалке 04 оствари неверојатно значаен триумф на гости против Мајнц (2-3), со пенал досуден во 101.минута од дуелот, кој реализираше Мариус Бултер. По сингализација од ВАР собата, беше досудена најстрога казна за составот од Гелзенкирхен, кој грчевито се бори за опстанок во Бундес-лигата.
Гостите двапати имаа водство, со головите на Бултер и на Краус, но Мајнц успеваше да израмни преку Бареиро и Мартин. На крајот Мариус Бултер постигна победнички гол од белата точка.
Келн успеа да го победи Баер Леверкузен на гости со 1-2, а играч на натпреварот беше Деви Селке кој ги постигна двата гола. Тој стрелаше во 14. и во 36.минута, а во меѓувреме Баер Леверкузен за момент израмни на 1-1, со голот на Амин Адли.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













