Connect with us

Ангеловски: За нас најважен е натпреварот со Косово, мотиви за евентуално финале нема да недостасуваат

Македонската фудбалска репрезентација доколку го совлада Косово во полуфиналето од Лига на Нации, натпреварот за пласман на ЕВРО 2020 ќе го игра на гости во Грузија или Белорусија, домаќин ќе биде подобриот од вториот полуфинален дуел. Вака беше одредено на денешната ждрепка за баражите во Лигата на нации во Нион. 

Македонија за да се пласира во финалето ќе мора да победи против Косово на домашен терен на 26. март 2020 година. Евентуалното финале, македонската репрезентација ќе го одигра на 31. март 2020 година. 

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски вели дека за нас најважен е натпреварот со Косово, а мотиви за евентуално финале нема да недостасуваат.

„Ждрепката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари“, изјави Ангеловски за официјалниот сајт на ФФМ. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови