Фудбалскиот национален тим на Македонија остана на 68. позиција на најновата ранг-листа на ФИФA, без никакви промени во однос на минатомесечното рангирање на светската куќа на фудбалот.
Македонија ќе ја заврши оваа 2019 година на 68. место, со надеж дека ќе обезбеди дополнителен скок во наредната година, пред се преку настапите во плејофот во Лигата на Нации. За споредба, ривалот на нашата репрезентација во полуфиналето од Лигата на Нации, селекцијата на Косово, ја заврши 2019 година на 115. позиција на ранг-листата на ФИФА.
Нема никакви промени ниту во првите десет селекции во светот, па така 2019 година како прворангирана ја завршува репрезентацијата на Белгија, пред Франција, Бразил, Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













