Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев има две желби за 2020 година. Првата и најголема е со Македонија да игра на Европското првенство, а втората е неговиот клуб Џенова да остане во италијанската фудбалска елита.
„Имам две големи желби за 2020 година. Со Македонија сакам да играм на Европското првенство. На 26 март не очекува дуел со Косово, ќе биде тоа дуел за „живот или смрт“. Се надевам дека ќе успееме преку плејофот во Лигата на нации. Втората желба ми е Џенова да остане во Серија А. Веќе петта година сум тука, играм во најстариот клуб во Италија и навистина се уште не размислувам за пензија. Сакам на убав начин да ја завршам кариерата“, изјави Горан Пандев за италијанските медиуми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













