
Воска Спорт на неверојатен начин, со два гола во фотофиниш, стигна до победа од 2-1 над Вардар, кој имаше водство до 90.минута. Јорго Папули во 41.минута донесе водство за „црвено-црните“, кои од 32.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Ненад Мишковски.
Долго Вардар одолеваше со десетмина и кога се чинеше дека ќе издржи, а можеби и ќе слави победа, се случи чудесен пресврт. Во 90.минута, Ален Јашароски успеа да израмни, а во третата минута од судиското продолжение Ермедин Адем постигна гол за голема победа за Воска.
Гостивар на домашен терен беше убедлив против Кожуф и славеше со 5-1, па го презеде второто место, а Вардар сега е трет, во зоната за бараж.
Емран Рамадани беше двоен стрелец за гостиварци, а стрелаа и Симеон Христов, Антонио Каланоски и Рејан Абази. За Кожуф почесниот гол го постигна Бојан Иванов.
Беласица го победи Пелистер со 2-1 на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, со головите на Давид Стојков и Панче Петров. Христијан Драгарски го постигна единствениот гол за битолчани.
Караорман беше убедлив против фенерџијата Борец и славеше со 4-0. Ермин Анруши, Марио Дебрешлиоски, Ивица Ќелешоски и Ерион Узеири беа стрелци за стружани.
Беса на домашен терен го победи Арсими со 1-0. Стрелец на голот беше Малиќ Белули во 71. минута.
Детонит Плачковица со 3-1 ја совлада Локомотива Пехчево, а Каменица Саса со 2-1 го совлада Охрид. Дуелот меѓу Слога Виница и Тетекс заврши 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија
