
Одложениот натпревар од баражот од Лигата на Нации меѓу Македонија и Косово што требаше да се игра на 26 март е презакажан за месец јуни, а точниот термин ќе биде дополнително утврден. Ова беше потврдено и од страна на УЕФА, по денешните разговори што претседателот Чеферин ги имаше со сите челници на националните федерации, при што беше дискутирано за промена на термините на сите натпреварувања под капата на европската куќа на фудбалот.
Главната донесена одлука е одложувањето на ЕП 2020, и тоа за една година, па новиот термин за почеток на континенталниот собир е 11 јуни 2021, а финалето од овој шампионат е закажано за 11 јули 2021 година. Одлагањето на европскиот шампионат ослободи нови термини, па се очекува сите прекинати лиги ширум Европа да завршат до крајот на месец јуни, за кога се закажани и финалните натпревари од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа.
УЕФА состави работна група што ќе треба да ги утврди точните термини за средбите од Лигата на Нации, како и за завршницата од ЛШ и од ЛЕ.
Македонија и Косово ќе ги одмерат силите во полуфиналето од Д-групите од Лигата на Нации. Победникот од овој меч, кој најверојатно ќе се игра пред публика, потоа во финалето од Лигата на Нации ќе се сретне со подобриот од мечот Грузија – Белорусија. Победникот од тој финален натпревар ќе обезбеди место на европскиот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола
