
Италијанскиот калчолигаш Интер го оствари првиот контакт со тренерот на Порто, Серџо Консеисао, околу потенцијална соработка за следната сезона.
И покрај пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионите, Симоне Инзаги е на излезната врата на „Џузепе Меаца“. Лошите резултати во Италија би можеле да го чинат Интер пласман во елитното европско клупско натпреварување следната сезона, со оглед дека во моментот е надвор од Топ 4.
Првите контакти се остварени, пишува „Газета дело Спорт“, а Консеисао би бил подготвен да се врати во Интер, каде настапуваше во текот на фусбалската кариера.
Сепак, преговорите со Порто нема да бидат лесни бидејќи неговиот договор има важност до летото 2024 година.
Другите две имиња кои се поврзуваат со Интер се Тијаго Мота, кој ја предводи Болоња, како и Роберто де Зерби.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“

Евро-фудбал
Флоријан Вирц бил на преговори и на „Енфилд“
