
Најтрофејниот македонски клуб Вардар загуби од Беса со 2-1 на натпреварот во с.Врапчиште и ја загуби лидерската позиција на табелата во Втората лига. Дарио Десниќ го отвори резултатот во корист на Вардар, но Беса израмни пред одморот преку Имран Фетаи, а во вториот дел стигна и до победа со голот на Зани Назифи.
Нов лидер е Воска која убедливо ја победи Беласица со 4-1. Хет – трик постигна Бехар Фета, а погоди Фитон Адеми. Единствениот гол за Беласица беше дело на Даниел Радојчиќ.
Гостивар исто така славеше триумф (5-0) на Тетекс и ја продолжува битката за пласман во елитата. Двоен стрелец беше Антонио Каланоски, а стрелаа и Стојанче Велинов, Вилдан Керим и Емран Рамадани.
Караорман во езерското дерби славеше во Струга против тимот на Охрид со 1-0. Стрелец на голот беше Ќелешоски.
Пелистер не успеа да победи на гости против Слога Виница играјќи само 1-1. Борче Маневски донесе водство за Пелистер, но израмни Михаил Воинов во 44.минута.
Арсими победи против Локомотива Пехчево со 0-3. Стрелци на головите за Арсими беа Самет Реџепи, Шпенд Асани и Мухамед Бекир.
Каменица Саса и Кожуф ремизираа 1-1, додека Детонит Плачковица славеше против Борец со 1-2.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Давид Алаба повторно се повреди

Интернационалци
Арменд Алими по 20 години се врати во Башкими

Интернационалци
Никола Ѓоргев потпиша за португалскиот Фаренсе

Евро-фудбал
Дејвид Бекам заврши во болница

Евро-фудбал
Сити го декласира Јуве (ВИДЕО)

Прва лига
Шкупи доведе голман од Германија
