
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ја продолжува трката за враќање во елитата. „Црвено-црните“ се лидери на табелата со 55 бода, но денеска (15 часот) ги очекува големо искушение на гостувањето против Беса во село Врапчиште. Императивот е победа за да се задржи водечкото место и предноста пред конкурентите.
Воска и Гостивар имаат релативно полесна задача со оглед дека играат на домашен терен. Воска ја пречекува Беласица, додека Гостивар исто така пред своите гледачи игра против Тетекс, кој се бори за опстанок.
Пелистер има гостување во Виница против тимот на Слога, а Локомотива Пехчево го пречекува Арсими.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 23.КОЛО (15 часот)
БЕСА – ВАРДАР
СЛОГА ВИНИЦА – ПЕЛИСТЕР
ВОСКА – БЕЛАСИЦА
ГОСТИВАР – ТЕТЕКС
КАМЕНИЦА САСА – КОЖУФ
ПЕХЧЕВО – АРСИМИ
КАРАОРМАН – ОХРИД
БОРЕЦ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski