
Тешкиот пораз од Реал Мадрид (0-4) на „Камп Ноу“ и елиминацијата на Барселона од Купот на Шпанија не се одрази на имиџот на тренерот Чави Ернандез пред челниците на клубот. Засега тие имаат доверба во менторот и темата за негова евентуална смена воопшто не е на дневен ред, тврди каталонски „Спорт“.
По поразот од Реал, Чави имаше разговор со дел од управниот одбор. Потврдена е и намерата на клубот да му понуди нов договор на тренерот по завршувањето на сезоната.
Барселона беше елиминирана во групната фаза од Лигата на шампионите, а потоа беше елиминирана во плеј-офот и од Лигата на Европа од Манчестер Јунајтед. Сега Каталонците го завршија учеството и во Копа дел Реј, па единствениот трофеј што можат да го освојат е титулата во Шпанија.
Таму имаат 12 поени предност пред Реал Мадрид и веќе го држат трофејот со една рака.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ
