Килијан Мбапе „не се согласува“ со користење на неговиот имиџ за кампањата за продажба на сезонски билети, објави фудбалерот на својот Инстаграм профил.
„Во ниту еден момент не бев информиран за ова“, напиша париската ѕвезда откако ја виде промотивната кампања во која тој е главна ѕвезда.
„Ова изгледа како основно интервју за време на маркетинг ден за клубот. Не се согласувам со објавеното видео“, додаде тој.
„Затоа се борам за правата на индивидуалниот имиџ. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но ова не е Килијан Сен Жермен“, заклучи тој.
Мбапе е единствениот што зборува во промотивниот филм за кампањата за обновување на сезонските билети за сезоната 2023-2024, со оглед дека од другите големи ѕвезди на парижаните,
Лионел Меси би можел да си замине по крајот на договорот во јуни, а повредениот Нејмар е отсутен.
Во клипот се појавуваат и новите таленти на клубот Ворен Заир-Емери, Исмаил Гарби и Илиес Хусни, како и португалскиот репрезентативец Нуно Мендеш, како и градинарот на стадионот.
„12-тиот играч е тој што ни дава дополнителна сила да ги водиме нашите битки“, вели Мпабе во клипот. „Да се биде дел од Париз значи да се гордееш со тоа што си и да не заборавиш од каде доаѓаш“, додаде напаѓачот.
Пари Сен Жермен се уште не одговорил на ставот на Килијан Мбапе. Фудбалерот одбива да учествува во реклами и за француската репрезентација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













