
Малку се или можеби и воопшто ги нема, фудбалери како Аријан Адеми во историјата на хрватскиот гигант Динамо Загреб. Тој денеска го игра 373. натпревар во дресот на „модрите“ и се збогува со клубот за кој играше 11 години, а кариерата ќе ја продолжи во кинескиот Пекинг Гуан.
Капитенот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец Аријан Адеми денеска го игра последниот меч, а доби огромен аплауз од најверните навивачи, „Бед Блу Бојс“ и транспарент кој најдобро го отсликува неговиот борбен дух: „Секој пат срце на терен – благодариме за сѐ, капитене!“
Претседателот на Динамо Загреб, Мирко Баришиќ и претседателката на управата, Влатка Перас, му дадоа пригодни признанија.



-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
