
Шкендија ја оствари 11. победа оваа сезона откако го совлада ФК Скопје на „Автокоманда“ со 0-2. Аденис Шала и Ералдо Чинари беа стрелци на головите за тетовскиот тим, кој сега има пет бода негатива во однос на лидерот Струга ТЛ и само бод помалку од второпласираниот Шкупи.
Скопје останува на претпоследната позиција со 14 бода.
Шкендија беше поквалитетен ривал и заслужено стигна до триумф. Шала постигна одличен погодок во 22.минута откако со прецизен удар од 18 метри ја затресе противничката мрежа.
Потврда на победата за тетовци обезбеди Чинари со погодокот во 79.минута од мечот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal