
Актуелниот првак Шкупи го совлада Работнички со 3-1 и ја намали негативата во однос на Струга ТЛ, откако лидерот и вторпат оваа сезона играше 0-0 дома против Македонија ЃП.
Бајрами во 11.минута донесе предност за Шкупи, но израмни Мазари само три минути подоцна.
Сепак, Шкупи продолжи со напади, а тоа го материјализираше преку Куевен во 33.минута и преку Цефас во 38.минута од мечот.
Во Струга, Македонија ЃП повторно се покажа како незгоден ривал и успеа да освои бод.

Шкендија со двата гола на Ералдо Чинари славеше против Академија Пандев со 2-1. Тој погоди во 31. и во 45.минута, а гостите успеаја да намалат во вториот дел, но не и да стигнат до реми.

Брегалница ја декласира Победа со 4-0 во Штип. Дарко Додев во третата минута обезбеди водство, а Даниел Мојсов во 11.минута зголеми на 2-0. Во вториот дел, Иван Николов беше двоен стрелец, во 61. и во 67.минута.
Вчера, Силекс го победи Скопје со 3-1.
ПРВА ЛИГА, 23.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 3-1
СТРУГА ТЛ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
ШКЕНДИЈА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-1
БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА 4-0
ВЧЕРА: СИЛЕКС – СКОПЈЕ 3-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тер Штеген ќе мора на нова операција на грбот?

Прва лига
Арбин Зејнулаи се врати во Шкендија
