
Стоперот на Челси, Тијаго Силва, ќе паузира најмалку шест недели поради повреда на лигаментите на коленото.
Челси денеска потврди дека Силва се повредил во неделниот пораз од Тотенхем во Премиер лигата со 2-0, но не соопштија колку долго ќе паузира искусниот Бразилец.
„По повредата на коленото во првото полувреме против Тотенхем, Тијаго беше подложен на скенирања при неговото враќање во клупскиот тренинг центар во понеделникот. Резултатите од скенирањето потврдија повреда на лигаментите и тој сега ќе оди на рехабилитација со медицинскиот тим на клубот за да се врати во теренот што е можно поскоро“, се наведува во соопштението на Челси.
Британските медиуми пренесуваат дека Тијаго Силва ќе пропушти неколку натпревари во Премиер – лигата, како и реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.
Тој реванш е натпревар на годината за „сините“, кои оваа сезона играат очајно и во Премиер – лигата и се далеку од позициите кои водат во Лигата на шампионите. Борусија го доби првиот натпревар со 1-0.
Силва (38) пристигна во Челси во 2020 година и со него ја освои Лигата на шампионите во 2021 година.
Тој оваа сезона одигра 26 натпревари за лондонскиот клуб во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
