Connect with us

Пеле е „The Best“: Специјална награда за „кралот на фудбалот“

Церемонијата на ФИФА за наградите „The Best“ беше отворена со посвета за најдобриот на сите времиња, кралот на фудбалот Пеле.


„Пеле отсекогаш ми бил инспирација. Ќе го паметам како скромна личност. Во еден од најтешките моменти од мојот живот, тој беше тука за мене и ми помагаше со своите совети. Секогаш беше мудар. Беше способен да ја игнорира омразата. Неговото значење за Бразил е огромно“, изјави Роналдо од бината обраќајќи му се на кралот на фудбалот.

Феноменот специјална награда и додели на сопругата на Пеле, Марсија Аоки.

„Имав среќа да играм со Пеле. Тој е најголемиот уметник кој излегол на теренот. Сите треба да бидеме благодарни и да не бидеме тажни, туку да се сеќаваме на него со почит и да се сеќаваме на она што го направи. Ние двајцата имавме многу посебни моменти“, додаде поранешниот соиграч на бразилската легенда Жаирзињо, кој беше меѓу гостите на церемонијата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови