
Манчестер јунајтед по шест години го освои првиот трофеј откако славеше во Карабао купот. Во денешното финале „црвените ѓаволи“ го победија Њукасл со 2-0, а тоа е и прв трофеј во ерата на Ерик тен Хаг на „Олд Трафорд“.
„Овој трофеј ќе ја зголеми нашата самодоверба и ќе ни донесе нова инспирација. Ова е само почеток на враќањето на Манчестер јунајтед таму каде што припаѓа. Се надевам дека ќе освојуваме уште многу трофеи. Момците се бореа максимално, а кога во тимот имате фудбалери кои знаат како се освојуваат трофеи, тогаш е многу полесно. Кашемиро, Варан, Де Хеа го знаат тоа, а и сите останати момци ги следеа храбро“, изјави Ерик Тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
