
Навивачот кој истрча на теренот на стадионот „Филипс“ на вчерашниот натпревар од Лигата на Европа меѓу ПСВ Ајндховен и Севилја воопшто не смеел да биде на трибините, пренесуваат холандските медиуми.
Синоќа се случија немили сцени кога неименуван хулиган втрча на теренот по елиминацијата на ПСВ од Севилја и го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ, кој во неколку потези го совлада и го собори на земја додека не пристигнаа редарите.
Хулиганот е приведен, а според информациите и претходно и бил познат на полицијата и организаторите на натпреварот на ПСВ. Имено, тој има повеќегодишна забрана за влез на „Филипс стадионот“ поради слични причини што се случиле пред неколку години.
Ова е очигледен пропуст на организаторите на натпреварот и сигурно ќе ги сносат последиците од УЕФА бидејќи можеше сериозно да биде повреден еден од актерите на теренот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
