
Второлигашките возбудувања се враќаат на сцена. Имаше бурна зима кај конкурентите за највисок пласман. Гостивар, Воска Спорт и Пелистер се засилија во пресрет на битката за влез во елитата, а Вардар се чини дека е подослабен. Заминаа неколку квалитетни фудбалери, но, сепак, раководството реагираше и доведе неколку нови имиња.
Гостивар доведе прволигашки имиња, со оглед дека пристигнаа Симеон Христов, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Андреј Кировски и Фисник Зука, а бројката на новите имиња е поголема.
Воска Спорт исто така се засили добро, со Ермедин Адем, Хадис Велии, Ујкан Муча, а Пелистер заедно со тренерот од Бобан Бабунски ги доведе Бојан Спиркоски и Марио Наумоски, како и Ерен Парталко од Вардар.
Вардар се чини дека најмногу се „одлеа“, со оглед дека заминаа Симеон Христов, Јован Попзлатанов, Кире Маркоски, Никола Ристески, Ерен Парталко, Никола Величковски…Наспроти тоа, дојдоа Дарко Размоски, Роберт Митев, Мартин Радуловиќ – Величковиќ, Дејан Цветаноски.
Фаворитите во првото пролетно коло играат на домашен терен и очекуваат победи.
Гостивар ќе ја пречека Локомотива, Вардар на „Автокоманда“ ќе игра против Арсими, а Пелистер ќе биде домаќин на Кожуф.
Воска Спорт ќе има пресметка против Караорман, и никој не би требало ниту да помисли на „кикс“ на стартот.
Во борбата за опстанок, Тетекс е целосно реновиран, со Љупчо Марковски – Калц на кормилото на тимот и со Христијан Кировски во нападот.
ДВОЈКИ ВТОРА ЛИГА, 16.КОЛО (денеска 14 часот)
Гостивар – Локомотива
Пелистер – Кожуф
Вардар – Арсими
Тетекс – Охрид Лихнидос
Беласица – Детонит
Слога Виница – Борец
Воска Спорт – Караорман
Беса – Каменица Саса

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи го пријави Елмас за ЛШ, но не и Лукаку

Интернационалци
Бојан Димоски потпиша за ТСЦ

Евро-фудбал
Фенербахче сака да го купи Адемола Лукман

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
