
Менаџерот на Манчестер Сити, Хозеп Гвардиола, призна дека ја згрешил тактиката на стартот од мечот со Арсенал. Сепак, неговиот тим успеа да го добие дербито на „Емирати“ со 1-3 и се искачи на првото место на табелата во Премиер – лигата.
Сепак, Шпанецот одби да зборува за шансите неговиот тим повторно да ја освои титулата.
„Тие имаат натпревар помалку и за мене сè уште се на врвот на табелата. До крајот може да се случат многу работи. Нема да ги добиеме сите преостанати натпревари, а се надевам дека нема ниту тие. Што е уште поважно, победивме овде на нивниот стадион. Но, има уште премногу натпревари за играње“, изјави Гвардиола.
Менаџерот призна дека неговиот тим не го одиграл својот најдобар натпревар, а за тоа самиот е виновен поради погрешната тактика.
„Решив да пробам нешто ново и резултатот беше ужасен. Ги оставивме да играат и да наоѓаат празен простор во нашата одбрана. Во вториот дел го поправивме тоа и многу подобро ја контролиравме топката. Имавме поставен стил и игравме како „луди“. Кога чекаме и играме со долги топки, тоа не сме ние. Во вториот дел бевме поагресивни, ги добивме дуелите и стоевме многу подобро на теренот. Притискавме поагресивно и ги правевме важните додавања“, истакна стратегот на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
