
Пресметка за титулата ќе има вечерва на „Емирати“ каде лидерот Арсенал ќе го пречека актуелниот шампион Манчестер Сити.
Последните три натпревари на Арсенал не завршија како што посакуваа. Прво беа поразени од Манчестер Сити во ФА Купот со 1-0, а потоа во лигата од Евертон. Пред овој меч, Брентфорд им одзеде бод на „Емирати“, а Микел Артета се жалеше дека на судењето.
Од друга страна, Манчестер Сити загуби само еднаш на последните пет натпревари, а на преостанатите четири оствари победи.
Единствениот пораз им го нанесе тимот на Тотенхем (1-0) пред точно десет дена.
Микел Артета е свесен дека навивачите вечерва би можеле да одиграат голема улога.
„Знаеме што е најголемата опасност на Манчестер Сити. Начинот на кој играат, знаеме сè за нив, но и тие знаат за нас. Мораме да имаме енергија ако сакаме да победиме. Не е важно против кого играме, сакам да победиме на секој нареден натпревар. Играме против Манчестер Сити и сакам да играме со 15 играчи против нив. Сакам публиката да биде нашите 12, 13, 14 и 15. играч“, изјави Артета.
Гвардиола е свесен за важноста на вечерашниот натпревар.
„Почувствувавме како играат пред неколку дена. Игравме во ФА Купот, но тие беа одлични. Мораме да ја прочитаме нивната игра и да бидеме пред нив, доволен е само еден момент. Но, тоа ќе биде голема, голема борба за секој дел од теренот. Подготвени сме и ќе видиме што ќе се случи“, истакна Гвардиола.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
