Connect with us

На Барселона и се заканува исфрлање од Ла Лига, а Лапорта вели: Ова не е случајно

Барселона ја тресе нов скандал откако шпанското обвинителство отвори истрага за можна корупција поради уплатата на 1,4 милиони евра на фирмата на поранешниот шеф на судиите во Ла Лига, Хозе Енрикез Негреира.


Скандалот изби во момент кога Барселона има 11 бодови пред Реал Мадрид на врвот на табелата и е на добар пат да ја освои првата титула по 2019 година. Доколку биде докажано делото, на Барселона и се заканува одземање бодови, а во најлош случај и исфрлање од Ла Лига, пишуваат шпанските медиуми.

„Не негирам дека Барселона користела и платила за советодавни услуги поврзани со судењето, што е пракса во сите големи клубови. Ние веќе не го правиме тоа бидејќи сега имаме такви советници во клубот“, изјави Жоан Лапорта.

„Мора да знаете дека оваа приказна не излезе случајно во моментов кога ни оди многу добро. Не е случајно. Клубот ќе направи сѐ за да го заштити својот интегритет и углед, а ние соодветно ќе реагираме на секој обид за клевета и ксиривување на вистината“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови