Фудбалерите на Сампдорија се во многу тешка ситуација, бидејќи испаѓањето од италијанската Серија А им се заканува на два начина. Првата е поради лошата позиција на табелата. Тимот предводен од српскиот тренер Дејан Станковиќ моментно е претпоследен во лигата со само 11 освоени бода по 22 кола и осум бода зад Специја, која е прва над линијата.
Уште поголем проблем за „џеновезите“ може да настане доколку Фудбалската федерација на Италија реши да им одземе бодови бидејќи клубот не можел да ги плати играчите и другите вработени за последниот квартал од минатата година.
Сега на фудбалерите на Сампдорија им е поставен ултиматум дека мора да се откажат од приходите за декември 2022 година за клубот да ја избегне казната за одземање бодови и со тоа да избегне сигурно испаѓање во Серија Б, пишуваат медиумите во Италија.
Клубот нема пари да ги плати. Затоа управата преку своите менаџери и адвокати почна да ги убедува играчите да се откажат од приходите за да ги зачуваат шансите за опстанок.
Според предложениот договор, декемвриската плата на фудбалерите би им била исплатена во јуни, во вид на бонус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal