Актуелниот првак Шкупи и Шкендија се клубовите кои добиваат најголем ваучер за 2023 година. Двата клуба имаат по 11,5 милиони денари (околу 186.000 евра), а по нив следи Академија Пандев со 10,5 милиони денари (околу 170.000 евра). Потоа следат Македонија ЃП и Струга Трим со по 8,5 милиони денари (околу 140.000 евра) и Работнички со 8 милиони денари (околу 130.000 евра).
Од второлигашите најголем ваучер доби Пелистер со 6,2 милиони денари (околу 100.000 евра), а Вардар има скромен ваучер од 1,9 милиони денари (околу 30.000 евра).
Во женскиот фудбал, највисок ваучер доби ЖФК Скопје 2014, со 2,4 милиони денари (околу 40.000 евцра), пред ЖФК Тиверија Струмица со 2 милиони денари (околу 35.000 евра) и ЖФК Каменица Саса со 1,6 милиони денари (околу 26.000 евра).
Сите суми за ваучерите можете да ги видите тука…
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski