Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, има договор со Барселона до крајот на сезоната и размислува за заминување. Тренерот Чави се труди да го убеди да остане на „Камп Ноу“ барем уште една сезона, но дојде понуда која може да ја отежне неговата одлука.
Таа пристигна од Саудиска Арабија, од раководството на Ал-Наср, каде од неодамна игра Кристијано Роналдо.
„Мундо Депортиво“ пишува дека Бускетс е следниот во низата познати фудбалски имиња што богатиот клуб сака да ги донесе во Саудиска Арабија и му нуди годишна плата од 18 милиони евра. Договорот би бил на две години, а Ал-Наср е подготвен да плати и повеќе, односно сумата што ќе ја побара Бускетс.
Целта на доведување звучни фудбалски имиња е зајакнување на лигата пред кандидатурата за коорганизација на Светското првенство во 2030 година.
Бускетс знае дека Чави сака да го задржи и ја чека понудата на Барселона пред да почне да размислува за други опции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













