Кристијан Атсу е пронајден жив. Извлечен е од под урнатините и префрлен е во болница, информираат турските медиуми. Тој сега е фудбалер на Хатајспор, а синоќа беше херој за својот тим и постигна победнички гол во 97. минута од натпреварот против Касимпаша. Во минатото играше за Њукасл и за Порто, а е репрезентативец на Гана.
„Ми кажаа дека Кристијан Атсу се наоѓа на деветтиот кат од зградата која се урна со уште девет играчи и двајца членови на стручниот штаб. Тројца играчи се спасени. Претставниците на клубот се на лице место и потрагата продолжува. Нашиот брат ќе биде добро. Ајде да веруваме“, објави новинарот Садик Адамс од Гана.
Недолго потоа е потврдено дека Кристијан Атсу е пронајден и дека е жив. Тој има повреда на десната нога и проблеми со дишењето, поради што е пренесен во болница, потврдија англиските и португалските медиуми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













