Грузија ќе биде без Георги Чакветадѕе кој е повреден, а дебитант во националниот тим е Бека Микелтадѕе. Селекторот на Грузија, Владимир Вајс, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот против Македонија во Тбилиси кој е финален за пласман на Европското првенство преку Лигата на нации.
На списокот на Владимир Вајс се најдоа следните фудбалери…
ГОЛМАНИ: Георги Лориа (Анортозис), Георги Макаридѕе (Алмерија), Лазаре Купатадѕе (Сабуртало)
ОДБРАНА: Гурам Кашиа (Сан Хозе Еартквејкс), Отар Какабадѕе (Тенерифе), Давид Кочолаја (Шахтјор), Гиа Григалава (Арсенал Тула), Соломон Кверквелија (Ротор), Мамука Кобакидѕе (Динамо Батуми), Георги Наваловски (Динамо Батуми), Јемал Табидѕе (Уфа), Лаша Двали (Ференцварош)
СРЕДЕН РЕД: Јаба Канкава (Тобол), Ника Квеквешкири (Тобол), Георги Абурџанија (Овеидо), Муртаз Даушвили (Анортозис), Леван Шенгелија (Коњаспор), Квича Кваратшкелија (Рубин), Зурико Давиташвили (Ротор), Валеријан Гвилија (Легија), Џаба Џигаури (Динамо Батуми), Георги Папунашвили (Сарагоса)
НАПАД: Гиорги Квилитаија (Анортозис), Торнике Окриашвили (Анортозис), Валери Казиашвили (Сан Хозе Еартквејкс), Елгуја Лобјанидѕе (Каисар), Ника Качарава (Лех), Бека Микелтадѕе (Ротор)
Финалната пресметка меѓу Грузија и Македонија е закажана за 12 ноември. Потоа Грузијците ги очекуваат две средби од тековната сезона во Лигата на нациите против Ерменија (15 ноември) и против Естонија (18 ноември).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Фудбалот е богатство, различност, демократија, и може да ве направи бесмртен
ФУДБАЛОТ Е ЕВРОПСКА ИГРА Фудбал се игра насекаде низ светот, но Европа со сигурност...
Автор makfudbal