Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед одлучи да го отпушти Џеси Марш по низата лоши резултати. Лидс е без победа од ноември, откако победи против Ливерпул на „Енфилд“ и против Борнмут на „Иланд Роуд“.
Оттогаш, Лидс има седум натпревари без победа и се наоѓа на работ од зоната за испаѓање на табелата во Премиер – лигата.
На Лидс сега му претстојат два тешки натпревари со Манчестер Јунајтед в среда и в недела, бидејќи еден беше одложен од есенскиот дел.
Марш го презеде Лидс минатиот февруари, но за една година забележа само четири победи во Премиер – лигата во 20 натпревари, со шест нерешени и 10 порази.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













